Се шпекулираше одреден период, па и ова испадна точно, Apple во својата MacBook Air серија воведе за првпат избор на уште еден уред, а тоа е новиот 15 инчен лаптоп под овој бренд.

Корисниците со тоа го добиваат најтенкиот, барем Apple така тврди, 15 инчен лаптоп на пазарот, а тоа треба да се додаде на карактеристиките како доста лесен и без вентилатори, што значи тивок уред.

Како што би очекувале, овој лаптоп е само верзија со поголем екран, а остатокот од карактеристиките се во главно исти со ланскиот 13 инчен MacBook Air. Тоа значи дека новиот лаптоп доаѓа со М2 чипот, кој вклучува 8 процесорки јадра, 4 за перформанси и 4 за заштеда, 10 графички јадра, како и 16 јадра за вештачка интелигенција. Исто така, корисниците можат да изберат до 24GB на унифицирана меморија која работи со брзина од 100GB/s.

Екранот е со големина од 15,3 инчи и LED со IPS технологија, а дури од идната година се очекува Apple да почне да користи OLED панели кај нивните лаптопи. Резолуција е 2880 на 1864 пиксели со што се добива нивна густина од 224 пиксели на инч. Светлината на екранот е до 500 „нити“ и доаѓа со True Tone технологијата од Apple.

Apple најавува 18 часа траење на батеријата, што секако е нешто што може да се добие со поголемото тело на уредот.

Камерата на предната страна, односно FaceTime камерата е со 1080p резолуција, а уредот доаѓа со шест звучници, нешто што ќе го подобри звукот, а овие уреди од Apple веќе се познати по тоа.

Сите детали со новиот MacBook Air 15 од Apple страната можете да ги прочитате тука.

ИЗВОРApple
Претходна статијаНа Pickbox NOW доаѓаат сериии и филмови засновани на вистински приказни кои мора да ги гледате
Следна статијаApple ги претстави новиот М2 Ultra чип, заедно со нова генерација Mac Studio и за првпат Mac Pro кој работи со чип од компанијата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.