Фото: Apple

Apple денеска го продолжи претставувањето на нови производи кое беше најавено од страна на Тим Кук, па по претставувањето на новиот iPad Air вчера, денеска имаме три нови производи. 

Прво беше најавен M3 Ultra чипот, кој го презема местото на најсилниот чип од компанијата, а со себе донесува и уште една новина која е нова на пазарот. 

M3 Ultra доаѓа со досега најголемата обединета меморија, а корисниците ќе можат да изберат до 512GB на еден вид на RAM за својот нов компјутер. 

Овој чип е достапен со новата генерација од Mac Studio, која исто така беше денеска претставена, а покрај со M3 Ultra, доаѓа и со верзија со M4 Max

Како и за претходните генерации, Apple ја користи нивната UltraFusion технологија за спојување на два M3 Max чипови за да го формира M3 Ultra. Со поврзувањето пред софтверот овие два чипови се читаат како еден, а брзината на поврзувањето е доволна за да чипот функционира како да е еден. 

Apple секако ги истакнува предностите на овој чип во споредба со претходните генерации, па според нив M3 Ultra донесува 1,5 пати подобри перформанси од M2 Ultra, како и 1,8 пати во споредба со M1 Ultra. 

Подобрувањето кај графичкиот дел е уште поголемо, па можноста да се изберат до 80 графички јадра донесува 2 пати подобри перформанси во споредба со претходниот модел, односно 2,6 пати подобри перформанси во споредба со M1 Ultra. 

M3 Ultra чипот има избор до 32 процесорски јадра од кои 24 се за перформанси, додека 8 се за заштеда на енергија. 

Чипот доаѓа и со поддршка за најновата верзија од Thunderbolt, односно Thunderbolt 5, а тоа овозможува поврзување на до осум Pro Display XDR екрани. 

ИЗВОРApple
Претходна статијаПрогласени победниците на БЕАМ 2024
Следна статијаApple го претстави MacBook Air со М4 чипот и пониска почетна цена од минатата генерација
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.