Фото: Shutterstock.com

Apple се’ уште немаат уред на преклоп на пазарот, а од компанијата не даваат ни било какви најави на оваа тема, што е и карактеристично за нив. Сепак, неколку пати веќе читаме дека тие работат на вакви уреди, па различни беа информациите за тоа кој би бил првиот уред на преклоп од Apple.

Првично информациите говореа дека iPhone нема да биде првиот ваков уред од Apple, како што е случајот со конкурентите, па Apple прво ќе претстави iPad на преклоп.

Додека чекаме да видиме што од ова ќе испадне точно, еве сега имаме и нова информација која тврди дека Apple развиваат MacBook со екран кој се превиткува и истиот треба да биде претставен при крајот на идната година.

Овој компјутер би се истакнал по тоа што ќе има минимална, скоро незабележлива линија, односно „фалта“ на местото на превиткување, а тоа е нешто што се очекува од Apple.

За да се добие ваков екран се истакнува дека трошоците се доста големи и треба да се очекува доста висока цена за овој компјутер.

Екранот наводно се развива од страна на LG, а посебна компанија работи на развојот на шарката, односно механизмот за преклоп кој е исто толку важен за намалување на линијата.

Според информациите, Apple ја разгледува можноста овој уред да дојде со големина од 20,25 или 18,8 инчи, со што директно влијае големината кога уредот е затворен.

Информациите доаѓаат од Минг-Чи Куо, па поради тоа може да се сметаат како доста точни. Единствено што останува е да се види дали Apple ќе се одлучат да претстават ваков уред, а за тоа нема никакви гаранции, без разлика кој ги дава информациите.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаGalaxy AI доаѓа на новиот Galaxy Watch и дополнително ги мотивира корисниците да го следат своето здравје
Следна статијаOpenAI формира Комисија за безбедност која ја водат членови на одборот на директори на чело со Сем Алтман
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.