ash-large_06

Archos како производител сигурно ви се познати од понудата на нешто поевтини таблет компјутери кои што работат на Android оперативниот систем. Производот кој што денеска ќе ви го претставиме исто така доаѓа со прилично ниска цена од 250 долари, што е до некаде изненадувачки со оглед на можностите што ги нуди и уредите што ги вклучува.

Smart Home системот од Archos е составен од таблет компјутер кој што се поврзува со неколку додатни уреди со што вашиот дом го претворате во паметен, односно можете да следите одредени информации, како и да автоматизирате одредени активности. Покрај таблет компјутерот Smart Home системот доаѓа уште со мини камера, сензор за движење, уред за временски услови, уред за следење на движењето на предмети и паметен штекер. Сите овие уреди безжично се поврзуваат со таблет компјутерот, а според Archos батериите на кои што работат можат да издржат до една година. Уредите може да се користат чисто за добивање на информации на апликацијата која што е достапна за Android, но и за iOS уредите. Информациите кои што можете да ги следите соодветно на уредите се, температурата, влажноста на воздухот, отворањето на врати и прозори, движење во одредени простории и слично.

ash_intro_en

Покрај можноста за едноставно добивање на информации од уредите, тие може да е користат и во комбинација, односно како што од Archos ги нарекуваат различни сценарија. Па така, можете да наместите да кога ќе биде детектирано движење во просторијата, камерата да слика неколку слики, а може и да сними кратко видео. Ако биде детектирано отворање на прозорот, да се вклучат светлата кои што се приклучени во паметните штекери или можеби да биде испратена порака до апликацијата доколку одредено ниво на температура или влажност на воздухот е забележано. Комбинациите се многу повеќе и останува на корисниците да ги прилагодат според нивните потреби.

Претходна статијаMicrosoft ќе претстави нова генерација од Nokia X телефоните идната недела ?
Следна статијаMicrosoft ги прекинува постарите верзии од Skype, им препорачува на корисниците да ја користат најновата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.