UX305_edition_01

Претставувањето на новите Broadwell процесори на Intel со себе донесе и многу потенки лаптопи, кои сега можат да се мерат дури и со некои таблети. Најновиот лаптоп, пардон, ултрабук од серијата Zenbook на Asus е еден од најтенките на пазарот, кој има екран на допир со 13,3 инчи дијагонала со Full HD резолуција.

Целосно затворен, новиот Zenbook е 12,3 милиметри кај најшироката точка, односно скоро половина од тоа на најтенката, кај тачпадот. Тежи само 1,2 килограми, што е исто така извонредно постигнување за лаптоп со екран на допир. И покрај тоа, има тастатура со позадинско осветлување, со подобрени и поголеми копчиња во однос на претходните Zenbook серии.

UX305_black Left Back Open45

Под тенката надворешна шасија се наоѓа Intel Core M процесорот, кој е ултра штедлив процесор од новата серија Broadwell. Го карактеризираат солидни перформанси, иако тоа не е на нивото на “Core i” серијата. Од друга страна, овој процесор не бара активно ладење, што значи дека лаптопот ќе остане тивок дури и при поголемо измачување. Основната конфигурација вклучува и 8 GB рам, што е за поздрав, како и SSD диск од 128 GB. Со ваквата конфигурација, Asus ветува 10 часови траење на батеријата, што е солиден резултат за толку тенок лаптоп.

Однадвор, Zenbook UX305 нуди 3 USB 3.0 портови за поврзување, од кои едниот ја поддржува Asus Charger + технологијата и може да го наполни вашиот мобилен исто како да сте го приклучиле во штекер. Во пакетот доаѓа и USB во Ethernet адаптер, за оние кои сакаат квалитетна поврзаност со кабел, а доаѓа и miniDP во VGA адаптер, на кој може да се приклучат скоро сите типови на надворешни монитори, што е предност во однос на конкурентите, кои нудат само HDMI порт.

UX305_edition_06

Zenbook UX305 во почеток ќе се нуди во Велика Британија, по цена од 649 фунти, односно околу 880 евра, што го прави еден од најевтините во сегментот на тенки лаптопи.

UX305_edition_05

Извор: Windows Central

Претходна статијаSamsung одговори на обвинувањата за снимање на разговорите и ја промени политиката за приватност
Следна статијаXperia E4 најавува нов дизајнерски правец на Sony