Сигурно нема ниту еден човек што често носи чадор со него, да го нема заборавено истиот кога бил некаде, односно во некој ресторан, кафуле, колата на пријателите и слично. Голем дел од нас можеби и не носат чадор баш поради тоа што треба да „мислиме“ на него кога сме излезени.
Производителот на чадори од Њујорк, Davek, претстави на Кикстартер чадор кој што треба да ги направи ваквите ситуации минато. Во него тие имаат вградено мал Bluetooth чип кој што се поврзува со мобилната апликација за Android или iOS.
Начинот на кој што работи чадорот е прилично едноставен. Со што треба е да се поврзе со мобилниот телефон, односно апликацијата, по што секогаш кога ќе се оддалечите од него, таа ве известува за истото. Апликацијата вклучува и посебен дел за временска прогноза, па можете да проверите дали воопшто ќе ви биде потребен чадор.
Работи на обична тркалезна батерија која што трае една до две години, по што треба да се промени.
Цената на овој чадор на Кикстартер изнесува 80 долари, па нагоре, зависно од периодот за нарачка. Кога ќе се земе во предвид оваа цена, се поставува прашањето колку чадори може да заборавиме и да купиме нови за истата цена.
Како и да е, сумата од 50.000 долари која што е потребна за успешно завршување на кампањата е скоро собрана, односно собрани се нешто повеќе од 38.000 долари на 14 дена до истекот на рокот.
Извор: Kickstarter