canon-120mp-640x389

„Мегапикселната“ војна, барем кај професионалните апарати, дефинитивно продолжува. Canon веќе има нов прототип апарат 120 мегапиксели, кој би можел да се вградува во некој иден модел на компанијата од високата класа, најверојатно наменет за студиска фотографија и сликање пејзаж, каде ќе може да извади неверојатни детали, како порите на лицето на пример.

Засега, апаратот е се уште во прототип фаза. Секако, има многу пречки пред тој да стигне во рацете на корисниците. Прво, цената на ваквиот сензор е многу висока и второ, со зголемувањето на бројот на пикселите се зголемува и нивото на шум во фотографијата, и покрај тоа што се работи за 35 – милиметарски сензор (големина на филм кај старите апарати).

Canon сигурно ќе посвети особено внимание на ова, но како и да е, ваквиот сензор со сигурност ќе има специјална намена, односно нема да може да се користи во услови каде се бара фотографирање со висока осетливост на сензорот, односно за оние што фотографираат, попознато како ISO вредност.

Од друга страна, деталите кои ќе може да се видат на фотографија од 120 мегапиксели ќе бидат со сигурност неверојатни. Од Engadget јавуваат дека фотографиите кои ги виделе, а кои биле фотографирани, имале магично многу детали.

А за да ја загрее публиката уште повеќе, Canon најави и сензор со 250 мегапиксели, кој е со големина ASP-H (нешто помал од погоре споменатиот), но за него нема повеќе информации. Сепак, дури и бројката е доволна за не зашемети, нели!

Секако, овој апарат (а особено сензорот со 250 мегапиксели!) не го очекувајте во продавниците наскоро, но со оглед на забрзаниот раст на технологијата за сензорите, би можеле да го очекуваме во наредниве неколку години. Сега останува само да видиме каков ќе биде одговорот на „смртниот непријател“ Nikon и иновативниот Sony, кои со сигурност спремаат сензори и апарати со слични вакви бројки.

Извор: Ubergizmo, Engadget

Претходна статијаLG спрема 55 инчен телевизор кој можете да го свиткате во ролна!
Следна статијаТелефоните со Snapdragon 820 ќе се полнат од 0-80% за 35 минути!