canon-eos-m3_01

Во светот на фотографијата, моментално има две технологии за апарати со променлива оптика, кои се натпреваруваат за да стигнат до купувачите – DSLR технологијата со оптички окулар и Mirrorless технологијата без оптички окулар.

Овие вторите имаат многу помали димензии и генерално подеднаков квалитет на фотографиите како поголемите DSLR апарати. Сепак, Canon, најголемиот производител на DSLR модели во светот, не е особено успешен во Mirrorless сферата – тука се главни Sony, Panasonic и Olympus. Новите Canon M3 и M10 ќе се обидат да го променат тоа.

Z-canon_eos_m3-beauty-PR

Поголемиот M3 модел е наменет за оние кои сакаат максимум од еден фотоапарат. Има сензор со 24,2 мегапиксели, за разлика од 18 мегапиксели кај M10, но и двата сензори се големи со APS-C димензии. И двата модели имаат фокусен систем со 49 точки, како и можност за фотографирање до ISO 25600.

Двата модели ќе се разликуваа и во димензиите – M10 е помал и наменет за оние кои сакаат лесно и преносливо решение, додека M3 има можност за електронски окулар. И двата апарати можат да ги користат сите Canon леќи наменети за Mirrorless моделите, а со адаптер и огромната понуда на леќи за DSLR моделите.

1851993755

Видео снимањето кај M3 и M10 сепак не е толку импресивно како фотографските можности – максималната резолуција е Full HD (1920х1080 пиксели), за разлика од конкурентите како Panasonic и Sony, кои веќе вградија 4K снимање во своите Mirrorless модели.

Цената на Canon EOS M3 изнесува 680 долари само за телото, додека за EOS M10 се уште нема целосни информации.

Извор: Engadget (1) (2)

Претходна статијаAcer лансира нов пренослив „Се во Едно“ компјутер со вградена батерија!
Следна статијаДо 2020 25% од светската енергија ќе биде од обновливи извори