canon-powershot-g3-x-2015-06-18-01

Борбата во класата на компактни апарати со голем сензор, наменети за ентузијастите, се повеќе се вжештува. Најновиот модел на Canon има голем 1 – инчен сензор и најмногу зум од сите конкуренти со таа големина на сензорот, кој покрива од 24-600 mm.

Како и другите модели во класата и Canon Powershot G3 X има сензор со 20,2 мегапиксели, кој е поголем од оној во стандардните компактни апарати и заедно со Digic 6 процесорот кој се употребува во професионалните фотоапарати на Canon, треба да овозможи природни бои, висок динамички опсег и малку шум на повисоко ISO (од 125 до 25600), односно во ноќни услови.

2992448474

Леќата има распон од 24 – 600 mm, што со 25х зум ја прави најдолга во сегментот, но брзината на блендата не е константна како кај некои конкуренти и изнесува од f2,8 до f5,6, зависно од поставеноста на зумот, што е мал недостаток, но е неопходно за да се задржат компактните димензии на објективот.

Секако, Powershot G3 X има и поддршка за RAW формат на сликање и е целосно опремен со мануелни команди, што особено ќе им се допадне на фотографските ентузијасти. Процесорот дозволува и сликање на 5,9 слики во секунда, што е погодно за оние што сакаат да прават акциски фотографии.

Видео снимањето не е толку импресивно како фотографиите, бидејќи не е достапно снимање во Ultra HD резолуција, нешто што веќе го имаат некои од конкурентите, како на пример Panasonic FZ1000, кој има иста големина на сензор (веројатно и истиот сензор), но помоќен процесор. Сепак, Powershot G3 X ќе може да снима во Full HD резолуција со 60 фрејмови во секунда, што е погодно за правење забавени видеа.

HR_G3X_BACKOPEN_CL.0

Како кај стандарден компактен апарат, сликањето ќе се врши преку задниот екран, кој има големина од 3,2 инчи и кој може да се врти за да може да сликате под различни агли. Сепак, за ентузијастите достапен е и надворешен електронски окулар за 250 долари, кој треба да го долови чувството на сликање со DSLR фотоапарат.

Сите овие спецификации апсолутно алудираат на моќен компактен апарат, кој без проблем ќе ги задоволи и потребите на ентузијастите, но и како бекап опција за професионалците, а поради помалите димензии во однос на DSLR апаратите. Сепак, конкуренцијата во оваа класа е силна како никогаш досега, особено од Sony и Panasonic, кои имаат уште повеќе вградени можности во своите модели.

9869533675

Сепак, Canon го има името и брендот зад себе, кој секако може да ја оправда и цената од 999 долари.

Извор: Dpreview, Engadget, The Verge

Претходна статијаFacebook Moments нема да биде достапна во Европа поради технологијата за препознавање на лица
Следна статијаBlackberry ќе претстави моќен телефон со Android?