Нестандарден производ кој што не е ни чудно што доаѓа од истокот, односно од Јапонија. Се работи за кабина која што е наменета еден човек да се затвори и со тоа да се изолира од надворешниот свет. Во неа нема да ви сметаат разните звуци кои што не опкружуваат секојдневно, односно колеги во канцеларија, гласните комшии дома и слично.
Кабината сепак не е само место каде што ќе се затворите и ќе се исклучите од околината. Таа вклучува фотелја која што на лизгање се придвижува кон внатрешниот дел од кабината и со тоа ја затвора. Во внатрешниот дел имате повеќе полици и фиоки на кои што можете да ставите работи кои што сметате дека ќе ви требаат, како и работна маса и место за поставување на телевизор или монитор од компјутер. Тоа значи дека внатре можете да седнете, да пуштите филм, да се земете пиење и грицки и да уживате без притоа некој да ви смета. Исто така ова може да е погодно за луѓето кои што кога работат им сметаат разни звуци кои што доаѓаат од околината, па во кабината никои од нив нема да допрат до вас.
Cozy Room ќе се продава по цена од 8.000 долари, што не ја прави баш достапна за обичниот корисник, па се очекува да се користи во компаниите или луѓето кои што навистина сакаат да бидат исклучени од гласната околина.
Извор: Cnet