google-daydream-view-vr-headset-796x436

Пребарувачкиот гигант последниве неколку години особено е посветен на виртуелната реалност – со Cardboard  тие постигнаа особено голем успех, бидејќи тој уред овозможуваше гледање на виртуелни содржини на вашиот паметен телефон и беше исклучително евтин. Сепак, Cardboard има ограничени можности и затоа Google сега го лансира новиот Daydream View VR, кој е целосно опремен уред за виртуелна реалност.

Додека претходно Cardboard се користеше само за гледање на виртуелни видео содржини, Daydream ќе може многу повеќе. Тој доаѓа со нов контролер, кој ќе овозможи многу полесно управување со содржините кои се појавуваат во виртуелната реалност, но може да се користи и за играње на најразлични игри. Google вети дека покрај нивните YouTube VR, Google Photos VR, Play Movies VR и Street View, наскоро треба да пристигнат уште 50 апликации од други дивелопери до крајот на годината.

google-daydream-view-shot-01

Daydream View VR е и одлично дизајниран уред, кој благодарение на тоа што е облечен во текстил, би требало да е многу поудобен од сите досегашни уред за виртуелна реалност. Поврзувањето со паметен телефон ќе биде безжично – се што треба е само да го ставите во очилата, а производителот напомена дека има и посебно место во нив за контролерот, со цел да не го загубите.

Засега овие очила работат само со новите Pixel телефони, но Google работи со HTC, Samsung и LG, што значи дека треба да очекуваме наредните генерации на нивните знаменосци исто така да ја поддржуваат платформата. Цената на Daydream View VR изнесува 79 долари, што е повисоко од Cardboard, но и натаму прилично достапно за сите оние кои сакаат виртуелно искуство.

google-daydream-view-vr-headset-colors_1278

Извор: The Next Web, Tech Crunch, Google

Претходна статијаПрви фотографии од Bluetooth тастатурата наменета за новиот „се во едно“ Surface компјутер
Следна статијаКако да правите „тајни“ разговори преку Facebook Messenger