DDR5-RAM

Штотуку (неколку среќници) почнавме да вградуваме DDR4 во нашите нови десктопи, многу наскоро ќе пристигне и DDR5 рам меморијата, која ќе донесе голем скок во перформансите, кој ќе биде добредојден за апликациите за виртуелна и изменета реалност.

Денес, виртуелната реалност е сѐ уште во зачеток и најмоќните компјутери без проблем можат да ги задоволат потребите, но во иднина ќе треба многу, многу повеќе. Затоа, DDR5 рамот ќе има многу поголема густина и ќе овозможи преку 128 GB на една плочка, што е ограничувањето на DDR4. Исто така, поголеми ќе бидат и работните тактови, па корисниците на потешките апликации и програми и особено VR гејмерите ќе можат да ја почувствуваат разликата.

Новата DDR5 рам меморија, покрај повисоките перформанси, ќе има и пониска потрошувачка на енергија, што ќе биде добредојдено кај лаптопите, но и кај големите сервери. Токму серверите пак први ќе ја добијат новата меморија, а пристигнувањето во лаптопите и десктопите се очекува за 12-18 месеци подоцна.

DDR5 сепак ќе биде само припрема за нови видови на рам меморија, која ќе треба да ја замени DRAM меморијата. Истражувачите веќе развиваат технологии како PCM (Phase-Changing Memory), RRAM (Resistive RAM) и MRAM (Magnetoresistive RAM), кои ќе можат да ги задржат податоците дури и откако ќе го исклучите компјутерот.

Ова значи дека сите отворени прозорци ќе ви бидат достапни откако повторно ќе го пуштите компјутерот. Ваквите мемории во теорија би можеле да се користат и како многу побрза замена за SSD и HDD дисковите за зачувување на податоци, но сигурно би имале многу помал капацитет и повисока висока цена.

Извор: PCWorld, Tech Frag, Game Debate

Претходна статијаChrome апликациите ќе бидат тргнати од Windows, Mac и Linux до 2018
Следна статијаCylindo: Со прославување на успесите до поголем успех