UP2414Q

Dell го најави својот втор Ultra HD (4К) монитор – Dell UltraSharp UP2414Q. Овој 24-инчен UHD монитор ќе му се придружи на 32-инчниот UP32124Q, кој беше претставен минатата недела.

Високата резолуција (3840 x 2160 пиксели) и малите димензии на екранот (24 инчи) го прават UP2414Q монитор со најголема густина на пиксели во понудата на Dell. Како за споредба, UP2414Q има четири пати повеќе пиксели по инч од стандарден Full HD 24-инчен монитор.

Мониторот доаѓа со 10-битен IPS панел способен да прикаже 1,07 милијарди бои, односно целосниот sRGB спектар и 99% од AdobeRGB спектарот. Исто така, секој UP2414Q монитор е посебно калибриран од страна на Dell со отстапка од Delta-E<2. Од овие карактеристики може да се заклучи дека UP2414Q ќе биде повеќе наменет за професионална работа отколку за секојдневна употреба.

UP2414Q ги вклучува следните конектори: еден HDMI приклучок, по еден DisplayPort и mini-DisplayPort, четири USB 3.0 порти и 6-во-1 читач на картички.

Засега не е позната цената по која ќе се продава овој монитор, меѓутоа поголемиот UP32124Q веќе може да се најде по цена од околу 3.500 долари.

Претходна статијаeBay отвори продавници на допир за SONY, Rebecca Minkoff и TOMS во San Francisco
Следна статијаАмазон најави испорака на пратки со беспилотни летала