Dell-OptiPlex-3020-Micro

Развојот на технологијата, а посебно таа на лаптоп компонентите овозможува користење на овие помали уреди во секакви ситуации и за разни потреби. Се поставува прашањето дали сите десктоп компјутери има потреба да бидат во големите куќишта кои што зимаат дел од просторот од канцеларијата или домот, кога знаеме со колку јаки компоненти доаѓаат лаптоп компјутерите.

Поголемиот број од канцелариите во компаниите немаат потреба од компјутери со најдобрите компоненти моментално достапни на пазарот. Тие функционираат со користење на мал број на програми, најчесто Word и слични, па десктоп компјутерите кои што ги користат обично се од пониската или средната класа.

Dell OptiPlex 3020 Micro е мал десктоп компјутер кој што е направен со цел да зазема што помал дел од вашата маса, односно просторот околу неа. Со големина колку еден обичен рисивер за кабелска (и други) телевизија, тој може да биде поставен скоро незабележливо било каде.

Според перформансите може да се каже дека е од средната класа, што значи е погоден за повеќето канцеларии, како и домови. Карактеристиките со кои што доаѓа овој компјутер се следните:

  • Intel Core i3-4150T Processor (3.0GHz, 3Mb Cache, Dual Core)
  • 4GB 1600MHz DDR3 (1x4GB)
  • 500GB 2.5” 7200 RPM SATA Hard Drive
  • Dell USB MS111 Optical Mouse
  • Dell KB212-B QuietKey USB Black Keyboard
  • Ubuntu Linux v.12.04

Верзијата која што ја добивме на тестирање доаѓа со Ubuntu оперативниот систем, што кога ќе се земе во предвид неговата намена, на корисниците нема ништо да им недостига од аспект на апликации и слично. Се разбира секогаш е тука можноста за инсталирање на некоја од верзиите на Windows, доколку тоа е неопходно за вашата компанија.

Она што најмногу ни остави впечаток кај компјутерот е неговата компактност и можност за поставување во повеќе позиции. Dell OptiPlex 3020 Micro покрај тоа што може да биде поставен хоризонтално или вертикално, доаѓа со можност за негово зацврстување на долниот дел од масата или зад мониторот.

optiplex-3020-mff-overview9

Во пакувањето покрај компјутерот, доаѓа и тастатура и глувче, што значи се што ви е потребно е монитор и можете да го користите.

Покрај неговата намена за канцелариите, овој компјутер е одличен и како Медија компјутер за дневната соба. Веќе нема потреба од користење на некој од постарите компјутери со големи куќишта за гледање на филмови и слични активности, па тоа може да се направи со уредот кој што и изгледа како рисивер наменет за таа потреба.

Процесорот кој што се користи, заедно со RAM меморијата овозможува завршување на сите потребни работи на една канцеларија. Се разбира самата категорија на процесорот, односно i3, кажува за тоа што може да се очекува од овој компјутер.

Dell OptiPlex 3020 Micro е достапен во продажба преку Dell Макпетрол центарот и може да се купи за 23.600 денари + 5% ДДВ. Овој компјутер како и останатите од понудата можете да ги погледнете преку следниот линк.

Во продолжение можете да го погледнете видеото кое што го снимивме при користењето на овој уред. Од него можете да видите во какво пакување доаѓа компјутерот, односно што се е вклучено, како и да добиете претстава за што точно се работи.

Претходна статијаPhillips ги објави своите најнови безжични светла Hue Go
Следна статијаSmart HOME – Автоматизација на вашиот дом
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.