project-ara-team

Project Ara, со кого ве запознавме минатата година, е проект развиван од страна на Motorola и Phonebloks кој што треба да овозможи мобилен телефон составен од посебни делови кои што многу лесно може да се менуваат од страна на корисникот. Со други зборови посебните компоненти на уредот, како процесорот, не се затворени во внатрешноста на истиот, туку тие се поставени во посебни модули до кои што може да се пристапи од неговата надворешната страна. Тоа ви овозможува промена и составување на посебните модули како сложувалка, а мобилниот телефон што ќе го купите може да биде вашиот последен, надоградувајќи ги посебните делови како што излегуваат нови.

Овој проект остана во Google по продажбата на Motorola на Lenovo на почетокот од оваа година. На 15-ти и 16-ти Април треба да се одржи првата конференција наменета за развивачи за Project Ara, а тие од време на време ни покажуваат до каде се со проектот преку видеа. Денешното видео е направено да ве запознае со тимот кој што стои позади развојот на овој проект, како и дел од работата која што ја работат и до каде се со неа.

Претходна статијаSony Digital Paper ја заменува обичната хартија со дигитална
Следна статијаHERE Drive+ ќе биде бесплатна за сите на Windows Phone 8.1
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.