dxo-one-plug-in-iphone-camera-1

Можеби камерата на новите iPhone-и е и повеќе од квалитетна за поголемиот број на корисници, но за оние кои сакаат повеќе, решението се вика DxO One – камера која може да се прикачи отстрана на вашиот телефон и него да го користите само како дисплеј.

Самото решение многу ме потсетува на Nokia 5700 Express Music, телефон кој беше исклучително популарен на времето и имаше долен дел кој можеше да се сврти и да се користи удобно како камера, со дисплејот поставен исправено, а со легнат модул за камерата, или пак да се користи тастатура, односно копчиња за музичкиот плеер.

dxooneheader

DxO One можеби нема можност за менување на песните, но затоа има CMOS сензор со 20,2 мегапиксели, големина од 1 инч во дијагонала и заднинско осветлување, кој треба да овозможи квалитетни фотографии и навечер, како и фотографии со многу поголема резолуција од 8 мегапикселните на iPhone.

Тука секако помага и брзата бленда од f1.8, како и целосните мануелни контроли, кои му даваат многу можности на корисникот за постигнување на посакуваниот резултат. Голем адут на оваа камера е и можноста за снимање во RAW формат, кој е еден вид на дигитален негатив, необработен од софтверот на камерата.

ET-640x353

Благодарение на вртливиот дизајн, DxO One може да се користи и како супер квалитетна селфи камера, каква што немаат ниту најдобрите селфи телефони денес, иако аголот не е многу широк (леќа со 32 mm фокална должина).

Иако е пред се наменета како придружник на најпопуларниот телефон денес, DxO One може да се користи и без телефонот, но тогаш секако нема да имате можност да видите што сликате.

Цената на оваа минијатурна  камера изнесува 599 долари (!), што е навистина многу, макар и придонела за малку подобри фотографии на вашиот iPhone. За истите пари, денес може да се купи квалитетен Mirrorless или DSLR апарат, со можност за промена на објективите, кој ќе донесе квантен скок во квалитетот на вашите фотографии.

DxO-ONE-Connecting-to-iPhone_IL

Извор: Engadget, Gizmodo

Претходна статијаНа повидок достојна замена за микробрановата печка
Следна статијаМакедонски Телеком дел од светската премиера на новите Huawei модели