Epson-LS10000-projector

Проекторот Pro Cinema LS10000 ветува уникатно искуство на домашен театар комбинирајќи ја со како што ја нарекуваат од компанијата Epson револуционерната технологија 3LCD Reflective laser projection како и 4K Enhancement Technology.

Уредот LS10000 има влез за 4K, но сето ова е симаулација бидејќи проекторот користи 3LCD на 1080p што пак работи на т.н. pixel-shift technology.

Ласерската технологија на Epson им дозволува на корисниците да добијат апсолутно црн контраст на целосно мрачни сцени. Најдоброто нешто се всушност ласерите бидејќи со тоа проекторот трае многу подолго односно до 30 илјади работни часови.

Screenshot_1

Епсон напоредно во својата ласерска серија го пуштија и помалиот брат на LS10000, односно бежичната верзија LS96000e која нема технологија 4К pixel shift, а наместо тоа доаѓа со плус 5 влезови за HDMI. Овие два проектори ќе бидат достапни оваа есен, а од компанијата велат дека цената ќе се движи под 8.000 долари.

Извор: Cnet, Epson

 

Претходна статијаGTA V за Playstation 4 и Xbox One во ноември, за PC во Јануари
Следна статијаMicrosoft го најави очекуваниот Windows 9 настан на 30-ти Септември