Ерик Шмит е едно од главните имиња поврзано со Google, покрај основачите Лери Пејџ и Сергеј Брин, а секако тука треба да се вклучи и Сундар Пичаи.
Шмит беше ангажиран како главен директор на Google уште во 2001 година како еден начин за обезбедување на функционирањето на компанијата поради тоа што се сметаше дека нејзините основачи го немаат потребното искуство.
За време на Ерик Шмит, кој потоа станува и претседател на одборот на директори на Alphabet со извршна функција, Google прераснува во компанијата која е денес. Денес Google е многу повеќе од интернет пребарувач, а тука се бизнисите поврзани со мобилните телефони, вештачка интелигенција, автономни возила и многу повеќе.
Моментално водството на компанијата која ја основаа Лери Пејџ и Сергеј Брин е во рацете на познатиот и долгогодишен соработник Сундар Пичаи, кој по назначувањето како директор на Google, беше назначен и за директор на Alphabet по одлуката на двајцата основачи да ја намалат својата ангажираност во компанијата.
Ерик Шмит беше директор на Google од 2001 до 2011 по што стана претседател на одборот на директор на компанијата, а таа функција потоа ја презема во Alphabet по основањето на оваа компанијата. Во меѓувреме тој стана технички советник во Alphabet со што може да се каже дека се најави неговото излегување од Google.
Според информациите Ерик Шмит официјално ја напуштил и својата последна функција со што тој веќе нема ништо со Google. Моментално тој работи на проекти поврзани со армијата, а тоа се истакнува и како една од причините поради кои Шмит почна да биде критикуван, по што почна да ја намалува својата улога во компаниите.
Една од главните критики на сметка на Ерик Шмит беше поврзана со приватноста на корисниците и неговата поврзаност во развојот на вештачка интелигенција за потребните на армијата.