innerexile-instant-self-repair-screen

Ете, добивме и заштитна фолија за екран на телефон која што самата се поправа, поточно фолија за iPhone 6. После самозацелувачки бетон, самозацелувачка гума и самозацелувачко крило, сега на ред е заштитна фолија од компанијата InnerExile наречена, очекувано, Self-repair.

Се работи за специјален материјал кој има микрокапсули. Тие содржат еден вид на лепак кој нема функција се’ додека не биде оштетена фолијата што резултира во раскинување на капсулите. Течноста во нив тече во дупката и ја пополнува, поправајќи ја фолијата.

Интересното е што процесот на зацелување трае околу една секунда што е исклучително кратко време. Ова ја покажува ефикасноста на оваа фолија. Од друга страна очекувано е фолијата да ја намали својата ефикасност како што „старее“ и го троши резервниот материјал-лепило од микрокапсулите.

Засега таа изгледа и работи одлично, што можете да го забележите на видеото кое го прикачивме со текстот. Тестот е изведен со метална четка со тежина на притисок од 3 килограми што е доволно за секојдневната употреба бидејќи сепак, iPhone 6 не е телефон предвиден за користење на воено поле. Фолијата е обложена и со облога против отпечатоци (т.н. олеофобна), па нема да се мрси премногу од користењето со прсти.

Засега Self-repair изгледа како фолија која се доближува до идеалната. Од InnerExile произведуваат и заштитни футроли за телефони и MacBook кои исто така самите се поправаат, па ако сакате да имате автоматизиран и постојан систем за заштита на вашиот Apple уред од гребаници и оштетувања можете да си нарачате заштита од нивната веб-страница.

Цената e 24 долари за iPhone 6S и 26 долари за iPhone 6S Plus на Amazon.

Извор: Engadget, InnerExile: Self-Repair

Претходна статијаFacebook на мобилните ќе прикажува повеќе информации во делот за нотификации
Следна статијаOppo Neo 7 е тенок и стилски телефон од средната класа