Сте посакале некогаш да можете директно да ги испринтате селфи фотографиите? Многумина од вас сигурно дека не ни помислиле на тоа, но како и да е, секако дека звучи забавно да можете да ги дадете директно на најблиските. А новата инстант камера на Fujifilm има и ретро шарм и секако може да фотографира и „обични“ фотографии.
За прв пат кај ваквите камери, Fujifilm има вградено автоматско мерење на светлината и подесување на параметрите на сликање според тоа, а во селфи модот, кој веќе го спомнавме погоре, леќата може да фокусира на далечина од 11 инчи, што значи дека вашето лице ќе биде секогаш во фокус. А како ќе се видите пред да се фотографирате? Како кај постарите мобилни, има специјално огледалце наменето за тоа. Нема екран, секако.
Instax Mini 70 ги печати фотографиите на хартија со големина на кредитна картичка, која во САД е по цена од еден долар по парче. Самата камера чини 140 долари, што веројатно не е многу за оние што сакаат инстант спомени спремни за во албум. Физички албум, не на Facebook.
Она што најмногу привлекува кај оваа камера е секако ретро дизајнот и трите достапни бои, кои додаваат на шармот на фотографирањето без гледање во дисплеј. Секако, за новите генерации ова е можеби непотребна технологија, но за многу повозрасни, фотографирањето со инстант камера е посебно искуство.