google-cardboard

Еден од најголемите конкуренти на VR сцената, Google Cardboard, отсега ќе добие и можност за просторно аудио доживување, кое треба одлично да се комплементира со виртуелното видео доживување.

Да потсетиме, Google Cardboard е едноставен VR уред, кој е направен од картон и кој може да работи со Android паметен телефон – се што треба е телефонот да го ставите во него и ќе можете да уживате во целосно виртуелно доживување.

Со новиот SDK (кит за развој на софтвер) кој е сега отворен за дивелоперите, Google Cardboard ќе може да има и просторно аудио. Идејата е гледачот, односно слушателот, да доживее целосно VR искуство, заедно со видео и звук.

image00

Софтверот сега преку позицијата на главата на слушателот може да одреди од каде треба да доаѓа звукот, што во големо може да го подобри искуството. Исто така, сега е овозможено на оние што ги прават VR видеата, да вградат опкружувачки звук од 360 степени, кој ќе биде перфектно продуциран низ слушалките – исто како да го слушате во реалниот свет.

Благодарение на тоа, сега звуците на предмети кои се движат, како на пример автомобил, ќе бидат доживеани многу пореално – префрлањето на звукот од едното кон другото уво ќе е многу подобрено, а на слушателот ќе му бидат и одлично презентирани звуците дијагонално од ушите, односно од предниот и задниот дел.

Покрај тоа, во новиот софтверски кит може да се внесе и информација за големината на просторот, како и материјалот од кој е изработен. Така, разговорот кој ќе го правите во мал вселенски брод, сега ќе звучи многу поразлично отколку да го правите во пештера или на некој отворен простор.

Со овие промени, Google Cardboard станува сериозен конкурент на Oculus Rift, кој веќе подолго време нуди просторно аудио доживување и кој конечно по долго чекање почна да се продава на пазарот.

Извор: The Next Web, TechCrunch, PCMag, Google Developers Blog

Претходна статијаSamsung го презема производството на новиот Snapdragon 820
Следна статијаGoogle Play Store доби поддршка за промотивни кодови