Google-ChromeCast-Review

Chromecast е уред кој што се поврзува на вашиот телевизор преку неговата HDMI порта. По големина и форма може да се спореди со нешто поголемо USB стикче. Chromecast е наменет за гледање на содржината од вашиот мобилен телефон, таблет и компјутер на вашиот телевизор, без користење на кабли. Уредот се поврзува преку вашата Wi-Fi мрежа и истата е потребна за да поврзувањето може да функционира. Содржината која што можете да ја гледате доаѓа од одредени апликации кои што доаѓаат со поддршка за Chromecast, како на пример YouTube апликацијата, на која што се појавува икона на горниот дел кога е достапен уред на кој што може да ја пренесе сликата. Поддршка за поврзување преку уредот има и Chrome прелистувачот на Windows и OS X.

chromecastlearn-promo-main

До сега овој уред беше достапен само за корисниците во САД кои што можат да го купат за 35 долари. Според најавите. Google ќе го направи достапен Chromecast и во земји надвор од САД, почнувајќи со Англија, за каде е најавена достапноста преку локален продавач на мало. Исто така се најавува проширување на листата на апликации кои што имаат поддршка за уредот, преку SDK алатката која што треба да биде достапна за сите програмери.

Овој уред иако интересен, сега за сега не е многу корисен за корисниците од Македонија поради апликациите со кои што работи, како Netflix, Hulu, Pandora, сервиси кои што сеуште не се достапни во нашата земја. Додека повеќе апликации не станат компатибилни со Chromecast неговото користење кај нас во главно би било за гледање на YouTube видеа. Исто така одредени нови телевизори поддржуваат поврзување со YouTube апликацијата без користење на додатни уреди, односно само преку истата Wi-Fi мрежа.

Претходна статијаV-Tex – ладен пијалок за 45 секунди
Следна статијаНов патент за „паметен полнач“ од страна на Apple
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.