gplus_banner

Google ќе ја отвори својата Glass Explorer програма, преку која што моментално може да се дојде до Glass очилата, за сите заинтересирани во рок од еден ден. Тој ден ќе биде 15 Април, односно вторник идната недела, а програмата ќе биде отворена само за американските граѓани. Секој кој што има наполнето 18 години, има адреса на живеење во САД и има да потроши 1.500 долари може да се пријави на посебно направената страна за оваа намена и да добие Google Glass. Количината која што од Google планираат да ја продадат сепак е ограничена, меѓутоа точната бројка не е објавена. Заедно со Glass на корисниците ќе им следува и некоја од рамките за диоптриски очила или затемнета рамка за сонце.

Google Glass се очекува да биде официјално пуштен во комерцијална продажба оваа година, но без точна дата за тоа. Одлуката на Google да продаде одредена количина можеби е начин за помасовно тестирање на уредот пред официјалното започнување на продажбата.

Штета е што оваа понуда е ограничена само за корисниците од Америка, ние сигурно би сакале да купиме еден примерок.

Извор: Google Glass

Претходна статијаСо нови чипови до тројно побрз безжичен интернет
Следна статијаСликајте се самите со новото SELFIE огледало
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.