homepage_lightbox_prescription_02

Google Glass е проект до сега познат на поголемиот дел вас. Доаѓа во форма на рамка за очила на која што е поставен мини компјутер и проѕирен екран на кој што се прикажува содржината. Glass е во можност да работи независно, меѓутоа најдобар е во комбинација со паметен телефон, чии што информации може да ги прикаже на екранот, како на пример, примените пораки, повици, email и слично, а способен е и за многу посложени функции, како снимањето видео клипови, навигација. Glass моментално е достапен само на избрана група на луѓе кои што добиваат покана од страна на Google, но според најавите се планира да биде достапен во комерцијална продажба оваа година.

Glass до сега беше достапен само во неговата основа рамка на која што не може да се вградат диоптриски стакла, нешто потребно за корисниците кои што носат очила. Ова е нешто барано од страна на моменталните корисници доста често. Поради тоа Google одлучи да овозможи Glass да биде полесно користен и од страна на таа група на корисници, претставувајќи 4 рамки за очила на кои што може да бидат поставени диоптриски стакла, а за разлика од досегашната рамка се направени да изгледаат како и сите останати очила.

Рамките Google ги нарекува Titanium Collection, односно Титаниумска колекција, а од тоа може и да претпоставите дека истите се направени од титаниум. Рамките се дизајнирани од страна на Google, односно не се направени во соработка со некои од производителите на рамки. Доаѓаат во 4 различни дизајни и избор од повеќе бои. Не се предвидени да се носат без прикачување на Glass уредот, па истите се пократки од десната страна каде и што се поставува уредот. Glass е замислен да може да се поставува на различни рамки, па истиот лесно може да се извади од оригиналните рамки и да се постави на новите. Секоја од рамките чини по 255 долари.

Претходна статијаSamsung ќе претстави Tizen уреди на 23 Февруари
Следна статијаBic претстави модерна верзија од своето познато пенкало
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.