a6c85e2ec6b5703a4f28da5fe6913ec9_large

Gramofon е мал Wi-Fi уред наменет да ја доведе музиката од онлајн сервисите на вашите музички системи или звучници на многу едноставен начин. За разлика од сличните уреди кои што овозможуваат стриминг на музика од вашите мобилни уреди преку Bluetooth, Gramofon тоа го прави преку поддржаните сервиси како Spotify, а вашиот мобилен игра улога на далечински управувач. Бројката на поддржани сервиси треба да биде зголемена, а сега достапна е и Gramofon апликација.

Gramofon работи преку поврзување на уредот со музички систем, поврзување со вашата интернет конекција преку LAN кабел или Wi-Fi и се разбира на крај со извор на електрична енергија. Потоа преку соодветната апликација на вашиот мобилен или таблет уред, ја контролирате музиката. Она што го прави овој уред поинтересен и различен од другите е можноста за контролирање на музиката од повеќе корисници, па така доколку имате гости и тие може да се вклучат во пуштањето на музика преку нивниот мобилен преку поврзување со Gramofon апликацијата. Gramofon има поддршка за сите уреди кои што работат на Android и iOS оперативните системи.

28853f2980d4c8c88d31207aa64a7c55_large

Покрај пуштањето на музика, Gramofon може да се користи и како Wi-Fi рутер. Исто така и за оваа функција уредот нуди нестандарден начин на поврзување, па така доколку сакате да им овозможите на вашите гости да се поврзат на вашата мрежа и да користат интернет, тоа може да го направат преку најавување со Facebook сметката на Gramofon апликацијата. Со ваквиот начин на поврзување, вие нема да имате потреба да ја кажувате вашата Wi-Fi лозинка, што штеди време, но и ја зголемува безбедноста.

Gramofon е направен од страна на американската компанија Fon, која што поседува огромна мрежа на Wi-Fi точки. Производоте е претставен на Kickstarter и моментално е во фаза на прибирање на средства. Може да се купи по цена од 30 долари за црната верзија и 40 долари за белата, а цената понатаму ќе биде зголемена.

Претходна статијаKlik – македонска апликација за вести за вашиот iOS уред
Следна статијаFacebook спрема сервис за трансфер на пари?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.