Денес скоро секој паметен уред има некаква можност за видео конференции, но доколку сте професионалец сигурно дека нема да се потпрете на камерата на вашиот лаптоп или паметен телефон. Hello е систем кој е наменет токму за професионални видео конференции, бидејќи нуди можности како многу поскапите решенија на Cisco и Polycom.
Hello е инаку стартап на Kickstarter од двајца поранешни бегалци од Косово, кој веќе ги надмина потребните средства за 10 пати, што е знак дека им се допаѓа на потенцијалните купувачи и дека сигурно ќе го видиме на пазарот. Се работи за камера која може да се прикачи на секој телевизор преку HDMI и која има многу професионални можности, како на пример споделување на екранот за подобра колаборација на некои документи.
Hello има и гласовни команди и може да се користи дури и за следење на вашето милениче во домот додека сте на работа, а благодарение на сензорите за движење или пак да се користи како безбедносна камера. Во неа е инаку вграден сензор кој овозможува снимање на 4K видео, 4 микрофони и леќа со агол на гледање од 130 степени, што значи дека нема да биде тешко да ставите повеќе луѓе во видеото.
Камерата чини 199 долари, заедно со бесплатно користење на сервисите на Hello на оние кои ја имаат поддржано на Kickstarter. За оние кои го немаат направено тоа, сервисите кои ги овозможуваат сите функции на камерата ќе се наплаќаат дополнително, месечно или годишно. Сето ова е реално ниска цена за квалитетно решение за видео конференции – тие на конкуренцијата чинат десетици пати повеќе.
Извор: Tech Radar, Kickstarter