hp-slatebook-14-open

На страната на HP на кратко можеше да се видат карактеристики и видео од SlateBook 14, нов лаптоп компјутер кој што работи на Android оперативниот систем. Уредот се’ уште не е официјален, а неговата страна е тргната од страната на HP. Информацијата започнува од порталот Notebook Italia, која што потоа ја презимаат и пренесуваат и други интернет портали.

Од информациите до кои што можеле да дојдат од порталот, HP SlateBook 14 на прв поглед изгледа како и секој друг лаптоп, меѓутоа наместо на Windows, тој ќе работи на Android оперативниот систем. Со тоа уредот можеби повеќе наликува на голем таблет компјутер со вградена тастатура, отколку на класичен лаптоп компјутер, меѓутоа сепак името на овие уреди е поради нивната форма и намена, а не оперативниот систем кој што го користат. Дали корисничкиот интерфејс ќе биде дополнително променет за користење на толку голем екран нема информации, а може да се види дека Android искуството ќе биде целосно. Со тоа корисниците ќе може да ги користат сите нивни апликации на кои што се имаат навикнато на нивните мобилни или таблет компјутери. Како сето тоа ќе изгледа на 14 инчен екран останува да видиме, посебно одредени апликации кои што се’ уште не се прилагодени ни за помалите таблет компјутери, односно направени се за мобилните телефони.

HP SlateBook 14 треба да има 14 инчен Full HD екран, 2GB RAM меморија, како и 16GB вградена меморија за складирање на податоци. Исто така треба да вклучува и четири јадрен NVIDIA процесор за кој што се’ уште нема повеќе информации. Лаптопот ќе вклучува и слот за micrSD картички, HDMI порта, 3 USB порти, аудио излез, Wi-Fi и Bluetooth конекција.

Се поставува прашањето дали, со оглед на изборот на оперативни системи и нивната намена за одредени уреди, корисниците би сакале да користат лаптоп компјутери со Android оперативниот систем кој што сепак не е баш прилагоден за работа на поголеми екрани. Дали вие би сакале да користите ваков уред или можеби поинтересен за вас е некој од достапните Chromebook лаптоп компјутери ?

Извор: The Verge, GIGAOM

Претходна статијаГрупните видео повици на Skype бесплатни за сите корисници
Следна статијаОткриен сигурносен пропуст во Internet Explorer, се препорачува да не го користите до издавање на закрпа
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.