Screenshot 2014-12-08 19.54.17

Пред 2 години, неколку студенти од HAWK Универзитетот од Германија имаат развиено концепт кој што го имаат наречено StreetPong. Во основа се работи за систем кој што се става на семафорите, вклучува екран на допир и им овозможува на пешаците да ја играат играта Pong додека чекаат семафорот да се вклучи и да ја поминат улицата.

Овој систем сега е имплементиран на една улица во германскиот град Hildesheim и е преименуван во ActiWait, според неговата намена за активно чекање на семафорот.

Пешаците играта можат да ја играат со пешаци од другата страна на улицата, а кога семафорот ќе се вклучи на зелено, играта се прекинува и ги информира дека можат да поминат.

Целта на овој систем е да ги одврати пешаците во намерата да поминат пред вклучување на зеленото светло на семафорот. На овој начин тие добиваат можност да се занимаваат, па чекањето на би им било досадно.

ActiWait системот моментално е претставен на Indiegogo платформата за групно финансирање, каде што корисниците може да ја дадат својата поддршка. Желбата на развивачите е да овој систем биде поставен на повеќе места и во повеќе градови низ светот, со надеж дека ќе се намали бројот на пешаци кои што поминуваат на црвено.

Можеби и кај нас би можел да функционира ваков систем, меѓутоа тој ќе треба да се постави и на места каде што нема пешачки премин и семафори, поради фактот што за голем дел од пешаците таквите места стануваат нормално место за поминување на улицата.

Извор: Ubergizmo, Indiegogo

Претходна статијаМалициозен софтвер доаѓа инсталиран на евтините паметни телефони
Следна статијаВонземскиот живот може да постои, но шансите за контакт се многу мали
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.