biosport_blue

Intel веќе најави дека развива слушалки кои што ќе вклучуваат сензори кои што ќе им додадат фитнес карактеристики на почетокот од оваа година. Сега истите се направени од страна на SMS Audio, компанијата на познатиот Curtis “50 Cent” Jackson, во соработка со Intel. Слушалките, наречени BioSport In-Ear Headphones, ќе бидат достапни до крајот на оваа година, а цената ќе биде дополнително одредена.

BioSport доаѓаат со посебен дизајн кој што треба да овозможи удобно поставување во увото, а исто така намалување на шансите за нивно паѓање. Ова е важна карактеристика поради тоа што тие се наменети за фитнес корисниците, па треба да бидат погодни за користење при трчање и слични активности.

Исто така тука е и сензорот кој што го мери пулсот на корисникот, а информациите ги споделува моментално со една апликација, RunKeeper, која што веќе е позната кај корисниците. Слушалките потребната енергија ја добиваат од портата за слушалки на уредот, па поради тоа не е потребно користење на батерии или други извори на енергија.

Слушалките се отпорни на вода, што треба да ги заштити од оштетување при вежбање кое што обично е пропратено со потење, барем доколку се прави како што треба.

Извор: The Verge, Intel

Претходна статијаMicrosoft има размислувано за ребрендирање на Internet Explorer
Следна статијаNoke: Катанец кој што се отклучува преку Bluetooth конекција со вашиот мобилен телефон
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.