Од Intel планираат да го стопираат производството на 34 модели на процесори во текот на следната година. Во главно се работи за процесори од веќе старите Sandy и Ivy Bridge линии кои полека Intel сака целосно да ги замени со нивни еквиваленти од моменталната Haswell и претстојната Broadwell линија на процесори.
Intel Core i5 3350 најверојатно ќе биде првиот процесор чие производство ќе биде прекинато, а набрзо ќе му се приклучат Core i3 3225 и 3210 процесорите. Од Sandy Bridge генерацијата, први ќе се пензионираат Core i3 2100, 2125, 2130, 2120T, 2102 и Core i5 2390T моделите.
Во Atom линијата на Intel повлечен од производство ќе биде само D2500, додека Atom D2550 ќе продолжи да се произведува во ограничени количини. Најголемата чистка ќе биде кај Celeron и Pentium процесорите, од кои G860, G645, G645T, G550T, G555, G465, G640T, G630, G630T, G620, G622, G870, G860T, G640, G550, G540T, G530T и G460 моделите ќе го достигнат крајот на производството до третата четвртина на 2014 година.