intel-skull-canyon-nuc-2016-03-17-03

За оние што преферираат компјутер пред гејмерска конзола, а сакаат да играат и во дневната соба или пак сите оние кои сакаат мала, но моќна десктоп машина, новиот мини компјутер на Intel може да е солидно решение.

Skull Canyon Intel NUC (Next Unit of Computing) Kit NUC6i7KYK има прилично моќни компоненти, кои вклучуваат Core i7-6770HQ чип кој работи во распон од 2,6 GHz до 3,5 GHz, два слотови за 8, 16 или 32 GB DDR4 рам меморија и два слотови за брзите M.2 SSD дискови.

Да, основниот модел доаѓа без вградени дискови и рам плочки и ќе чини 650 долари, што значи доградбата ќе треба да ја направите сами, но има и модел со 16 GB рам, 256 GB SSD диск и инсталиран Windows 10 кој чини 999 долари.

Сепак, за оние кои сакаат да ги играат најновите игри на високи резолуции, има еден недостаток – графиката е вградена во процесорот, поточно Iris Pro, која иако е помоќна од Intel HD, не е на нивото на гејмерските графички картички, кои нудат многу подобро искуство при играње. Секако, има гејмери што ќе бидат задоволни и од перформансите на оваа графика, но хард кор играчите секако дека ќе посакаат повеќе.

Решението е што Skull Canyon мини компјутерот ќе биде компатибилен со Razer Core надворешното куќиште за графичка картичка, но тоа ќе биде премногу скапо – куќиштето заедно со Nvidia GTX 970 графичка чини дополнителни 850 долари. Однадвор, Skull Canyon има USB 3.0 и Thunderbolt 3.0 порти, преку која ќе се поврзува со Razer Core или 4K дисплеј.

Надворешното куќиште за графичка се коси и со минијатурните димензии на компјутерот – во тој случај веројатно подобар избор би бил цел десктоп компјутер, кој ќе чини многу помалку пари и доколку се избере добро мини куќиште, би можел да фаќа и помалку простор на работната маса.

Извор: Engadget, Windows Central, PCWorld

Претходна статијаNike Hyperadapt 1.0 – првите комерцијални патики кои самите се врзуваат
Следна статијаНеотел го претстави neoTV – телевизија која може да се гледа каде и да сте