Од лани, Intel доби една прилично луда идеја – својот серверски, односно чип наменет за сериозни апликации, како рендерирање на 3D анимации и дизајн, почна да го нуди и како лаптоп верзија. Сега имаат нов таков Xeon чип, кој нуди супер високи перформанси во преносно решение, како и побрзи Core i7 процесори.
Intel Xeon E3-1575M v5 чипот кој ќе биде врв на понудата ќе работи на такт од 3.0 GHz и ќе има 8 MB ќеш меморија, а ќе биде четири јадрен, за разлика од десктоп Xeon процесорите, кои имаат многу повеќе јадра. Сепак, за 1207 долари, колку што чини Xeon E3-1575M v5, ова сигурно ќе биде чипот кој ќе сакате го има Вашиот нов лаптоп доколку планирате сериозна работа на него – помоќно преносно решение не постои.
Покрај Xeon верзијата, Intel претстави и помоќни Core i7 верзии – досега претставените Skylake изведби беа пред се наменети за ултрабук лаптопите и кај нив предност се дава на пониската потрошувачка на енергија. Четири јадрениот Core i7 6970HQ работи на 2.8 GHz и има исто така 8 MB ќеш меморија, а ќе чини 623 долари. Чипот ќе доаѓа и во две делумно послаби верзии – Core i7-6870HQ и i7-6770HQ.
Ново претставените процесори ќе имаат Iris Pro вградена графика, која е доста помоќна од Intel HD графиката кај послабите процесори, додека сите Skylake и Xeon чипови се изработени со транзистори со големина од 14 nm.
Подоцна во текот на годинава се очекува лансирање и на гејмерски лаптоп чипови, кои ќе го носат истото име како десктоп верзиите наменети за играње игри – Extreme Edition.
Извор: PC World, Anand Tech, Digital Trends