_89214813_eeba7f47-ddcd-4daf-9b3a-9e66f1ccc846

Во Македонија читањето на електронски книги не е особено популарно и причината за тоа е едноставна – нема многу електронски изданија на македонски јазик. Сепак, во западните земји скоро сите читатели се префрлени на електронските книги, а за нив, Amazon го лансираше досега најдобриот уред за читање на вакви книги.

Но, што го прави најдобар? Навистина, што воопшто прави еден уред за читање книги добар? Oasis не нуди некои особени технички спецификации – ги има истите карактеристики што ги имаат неколку пати поевтините читачи на Amazon, како на пример 6 инчен осветлен e-ink дисплеј со 300 ppi и можност за аудио книги, како и батерија која трае многу долго, односно, многу подолго од еден таблет на пример.

oasis4-980x980

Сепак, сето ова е вклопено во многу потенко пакување, поточно во куќиште со дебелина од од само 3,4 милиметри на едната страна. На другата страна пак има испакнатост, која помага во држењето на Oasis со една рака и го олеснува долгочасовното читање. Изработката е целосно од метал, за разлика од другите модели кои се изработени од пластика.

Да, сите разлики во однос на неколку пати поевтините модели во Kindle гамата е во изработката на уредот и употребата на поквалитетни материјали. Цената на овој модел изнесува 290 долари, што е исклучително високо, но сигурно има многу читатели кои со задоволство ќе платат за поубаво чувство при читање, исто како што порано тоа го правеа со книгите со дебели корици…

oasis3-980x980

За новиот Oasis ќе биде достапна и посебна кожна футрола, која дополнително ќе го засили чувството дека читате од вистинска книга и која има посебна батерија што ќе го продолжи траењето на неколку месеци – максимум 20 ако му веруваме на Amazon. Импресивно.

_89215912_d1c31e89-0dee-4b2c-8830-454e6c3563c0

Извор: Wired, The Verge, BBC

Претходна статијаFacebook Instant Articles достапни за сите издавачи на содржина
Следна статијаMeizu Pro 6 има процесор со 10 јадра и блиц со 10 LED диоди