Kinect во својата втора верзија излезе со претставувањето на Xbox One конзолата со која што доаѓаше вклучен како дел од пакетот. Поради тоа новата конзола од Microsoft се продаваше по повисока цена од таа на Sony која што успева да направи поголема продажба. Microsoft реши да понуди посебна верзија од Xbox One без вклучен Kinect сензор, а истиот да го понуди за корисниците како додаток кој што заинтересираните ќе може да го купат.
Посебна верзија од новата генерација на Kinect беше најавена и за корисниците на десктоп компјутерите, односно за Windows. Новата верзија од сензорот покрај другото вклучува и подобра камера со Full HD резолуција, подобро детектирање на длабочината, а компатибилен ќе биде само за Windows 8 оперативниот систем. Со претставувањето на втората верзија од Kinect за Windows од Microsoft исто така ја издадоа и втората верзија од SDK алатката преку која што програмерите ќе може да развиваат апликации кои што ќе работат со сензорот. Од компанијата се надеваат дека бројката на апликации компатибилни со Kinect значително ќе се зголеми.
Kinect за Windows v2 беше најавен, меѓутоа точната дата на неговата достапност на беше кажана, па се очекуваше да биде некаде во периодот од ова лето. На американската и британската страна од Microsoft Store, Kinect е додаден за нарачка и официјалната дата на неговата достапност е 15-ти Јули. Корисниците веќе може да направат нарачка на уредот, па после оваа дата истиот ќе започне да биде доставуван.
Извор: Microsoft Store, Engadget