Како вљубеници во паметната технологија, се радуваме кога и да забележиме нов тип на паметни производи. Во последниве 2 години видовме како паметната технологија навлегува се повеќе и повеќе во нашите интимни животи, а трендот само се забрзува.
Деновиве дознавме за еден интересен концепт – паметна четка за заби која ни кажува дали ни се чисти забите. Се работи за Kolibree – четка за заби која следи колку пати сме ги миеле забите, па потоа ја праќа таа информација на нашиот смартфон. Но тоа не е се, Kolibree има поголем број сензори со кои може да знае каде во устата поминала четката и колку пати. Тоа значи дека овој уред знае ако запоставувате некој дел од устата и треба да му обратите повеќе внимание.
Овој уред е дело на Thomas Serval – бивш инженер во Google, а инспирацијата за овој производ е неговата лична фрустрација при обидот да ги тренира своите деца на орална хигиена.
http://www.youtube.com/watch?v=oEDMzFYqW9k
Бидејќи производот е сеуште само во концепт-фаза, не е познато колку ќе чини, но се предвидува дека ќе биде околу 100-200$. Оваа цена не е премногу висока ако се земе во предвид дека прво дури и најобични електрични четки за заби чинат околу 50 евра, а второ главата на една електрична четка се менува поприлично евтино. Ако биде добра изработката, овој производ би можел да потрае со години. Сепак, голем дел од тие детали сеуште не се познати, на пример не е јасно колку ќе чинат резервните глави, ниту колкава е гаранцијата за овој производ.
Засега е познато дека овој производ би требало да:
- Користи Bluetooth
- Подржува iPhone и Android
- Има безжична база за полнење
- Вклучува паметна апликација која следи редовноста и квалитетот на миењето заби