pgalleryLYNX folded Red

Играњето на разни видови на игри денеска се прави на повеќе платформи од тоа што бевме научени до пред некоја година. Игрите се достапни и на мобилните уреди, на телевизорите, set top box уредите и слично, како и на „старите“ PC компјутери и играчки конзоли.

Ваквата ситуација е мотивацијата зад производот од компанијата Mad Catz која што произведува периферни компјутерски уреди за гејминг. Lynx 9 е производ наменет за корисниците кои што играат игри на повеќе платформи, а за тоа користат и различни конролери, често купени од разни компании.

Lynx 9 контролерот е модуларен, збор кој што почесто го слушаме во изминатите година дена. Тоа значи дека производот има можност за прилагодување преку менување на неговите делови, а со тоа и неговата форма и намена. Доаѓа во склопена форма која што е погодна за лесно пренесување, по што се отвора и се добива целосно функционален играчки контролер.

pgalleryLYNX parts

Главниот дел од контролерот може да се подели на три дела, односно левата и десната страна, како и главниот дел, мозокот. Со нивното издвојување се овозможува додавање на другите делови кои што доаѓаат со производот. Па така, можно е додавање на тастатура, држач за мобилен телефон, држач за таблет компјутер.

Со тоа се овозможува поврзување и играње со повеќе видови на уреди, без потреба од различни контролери. Тастатурата овозможува и додатно користење на контролерот за пишување, односно користење на кој и да е уред како мини компјутер.

Цената по која што треба да се продава Lynx 9 изнесува околу 300 долари, што се разбира е поскапо од купување на обичен контролер. Сепак целата е тој да замени неколку уреди, па доколку има корисници кои што навистина купуваат неколку вакви производи, можеби овој хибриден уред би претставувал се што им треба. Lynx 9 беше претставен минатата недела на CES2015 настанот кој што се оджа во Las Vegas.

Извор: Mad Catz, Wired

Претходна статијаНовите Panasonic Life+ телевизори со Firefox OS
Следна статијаДостапна Phone Insider апликација за Windows Phone, укажува на прикажувањето на Windows 10 овој месец
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.