TPX1CUf

Најголемиот светски производител на брендирани компјутери – Lenovo, неодамна го најави новиот модел на ThinkPad X1 Carbon. Се работи за лаптоп од класата Ultrabook, наменет претежно за бизнис клиенти.

Исто како и ланскиот модел, новиот ThninkPad X1 Carbon е изработен од слоеви на карбонски влакна и со исклучок на неколку детали изгледа скоро идентично. Она што се издвојува од претходниот модел е тастатурата, односно горниот дел од тастатурата каде што обично се наоѓаат мулти-функциските копчиња. Кај новиот модел на тоа место е вграден екран на допир, кој зависно од избраната функција ќе прикажува различни икони. На овој начин се добиваат повеќе функции од стандардните две по копче. Новиот ThninkPad X1 Carbon, исто така препознава гласовни команди и гестури.

TPX1CUk

Од аспект на хардвер, ThninkPad X1 Carbon нуди повеќе варијанти во неколку ценовни категории. Најевтината варијанта вклучува 14-инчен TN екран со резолуција од 1600×900 пиксели, Intel Core i5-4200U процесор, 4 гигабајти DDR3 меморија, SSD со капацитет од 128 гигабајти и инсталиран Windows 8 оперативен систем. Поскапите модели ќе доаѓаат со 14-инчен IPS екран на допир со QHD резолуција од 2560×1440 пиксели, Intel Core i7 процесор со вграден Intel HD 4400 или HD 5000 графички чип зависно од процесорот, 8 гигабајти DDR3 меморија, SSD со капацитет до 512 гигабајти и инсталиран Windows 8.1 Pro оперативен систем.

Димензиите на новиот ThninkPad X1 Carbon се 13.03 x 8.94 x 0.55 инчи за моделите со екран на допир, односно 13.03 x 8.92 x 0.53 инчи за стандардните модели, додека лаптопот ќе тежи околу 1.300 грама. Вградената батерија ќе овозможи до 9 часа непрекинато користење со едно полнење.

Цената за новиот ThinkPad X1 Carbon Ultrabook ќе се движи од 1.299 за основниот модел до над 2.000 долари за поскапите модели.

Претходна статијаБио батерии кои работат на шеќер
Следна статијаSamsung и Google склучија договор за взаемно користење на патент лиценците