1430723029LenovoLaVieZ

Без намера да ги омаловажуваме достигнувањата кои ги има во новиот MacBook, но се чини маркетингот на Apple повторно најдобро ја врши својата работа. Имено, кинескиот производител Lenovo, има полесен лаптоп од „најлесниот“ во светот, MacBook, со многу, многу помоќен Core i7 процесор од Core M, кој се вградува во лаптопот на Apple, како и цел сет на порти за поврзување, наместо само една USB Type C порта.

И не само тоа, ќе има две верзии на моделот. Едната ќе биде без екран на допир, односно ќе се работи за обичен ултрабук, додека другата верзија, LaVie Z 360, ќе има екран на допир и можност за вртење на истиот за 360 степени, како Yoga серијата на Lenovo, што значи дека ќе може да се користи и како лаптоп. Но, главната одлика на LaVie серијата е тоа што е многу, многу лесна. Верзијата без екран на допир тежи само 850 грама, што е помалку дури и од некои поголеми таблети, додека онаа со екран на допир тежи само 920 грама, исто како новиот MacBook. Заслужна за ниската маса е легурата Магнезиум – Литиум, која не само што е исклучително лесна, туку е и прилично цврста и која за прв пат се употребува во еден ултрабук.

Lenovo_LavieZ_360_black_transparent_teaser

Употребата на овој материјал, им овозможи на Lenovo да вградат моќни компоненти во внатрешноста. Покрај тоа што има сериозен Core i7 процесор, 8GB рам меморија и SSD диск со капацитет од 256 GB, LaVie Z има и прилично голем 13,3 инчен екран, со одлична резолуција од 2560х1440 пиксели. Исто така, вградени се две USB 3.0 порти за поврзување, HDMI излез, како и читач за SD картичка. Траењето на батеријата со едно полнење од 9 часа е исто така многу солидно, со оглед на ниската маса и пак мора да споменеме, исто како MacBook.

Секако, ваквите перформанси, вклопени во најлесниот лаптоп на светот, ќе чинат и повеќе пари, па така, верзијата без екран на допир чини 1499 долари, додека онаа со вртлив екран на допир чини 1699 долари.

Извор: The Verge

Претходна статијаWizz Air го пречека првиот патник со селектирано седиште
Следна статијаDell лансираше безжичен “Station Dock” за вашиот лаптоп