За време на CES (Consumer Electronics Show) 2014 што ќе се одржи во Лас Вегас од 7-10 јануари, LG планира да претстави неколку нови премиум модели на монитори.
Во центарот на вниманието ќе бидат 34-инчниот UM95 Ultra Wide монитор со QHD резолуција од 3440×1440 пиксели и 31-инчниот MU95 4К монитор со резолуција од 4096×2160 пиксели. Покрај овие два модели, претставени ќе бидат UM65 и UB65 моделите достапни во големини од 25, 29 и 34-инчи, како и еден 27-инчен Color Prime модел со ознака MB85 наменет за професионална работа со бои.
Сите монитори доаѓаат со IPS панели за супериорен квалитет на слика и ергономски дизајн кој лесно се вклопува во работната средина. Новите Ultra Wide монитори вклучуваат повеќе функции за полесен мулти-таскинг, како што се „4-Screen Split“ и „Dual Link-up“ можностите. Исто така, сите монитори се компатибилни со Mac компјутерите и содржат HDMI и DisplayPort конектори, додека UM95 моделот ќе има поддршка за Thunderbolt 2 со брзина на трансфер до 20 Gbps.
Цените и достапноста на новите монитори засега не се познати.