Телевизиската електроника полека почнува да отстапува место на интерактивните видео содржини и пренесувањето на Youtube, Vimeo или Netflix на голем екран, но тоа не значи дека телевизорите какви што ги знаеме ќе ги снема. Поверојатно е дека едноставно ќе се претопат целосно во новиот дигитален тренд и веќе нема да има разлика меѓу телевизија и стандардно компјутерско корисничко искуство.
Знаејќи го ова многу компании продолжуваат да работат на подобрување на телевизорската техника, меѓу кои и LG кои претставија ЛЦД телевизор кој на својот екран содржи таканаречени „квантни точки“. Овие точки се всушност кристали од полупроводници големи неколку нанометри кои ослободуваат различни бои во зависност од нивната големина. Со помош на истите LG постигнува многу поширок спектар на бои како и поголем интензитет во споредба со стандардните ЛЦД телевизори.
Со ваквиот развиток LG постигнува дури 30% поголема динамика на репродукција на боите во однос на ЛЦД/ЛЕД телевизорите. Овој тип на телевизори ќе биде достапен во текот на 2015 година и ќе биде претставен на CES 2015 пазарот. Во конкуренција ќе биде со Самсунг и Сони кои исто така планираат да претстават на пазарот телевизори со филм од квантни точки.