Li Ning е компанија која што работи со производство на спортска опрема и патики. Лоцирана во Кина, компанијата им е позната и на македонските потрошувачи, а својата најголема популарност ја доби по Олимпијадата во Пекинг во 2008 година.
Според информациите, компанијата во последниот период работи со загуба, нешто што е резултат на намалената продажба и популарност во изминатите години.
Од компанијата изјавија дека влегуваат во партнерство со исто така познатата кинеска компанија Xiaomi, поточно компанијата Huami која што е дел од Xiaomi и работи со развој на паметни уреди за носење, како што е Mi Band алката.
Резултат на партнерството треба да биде претставување на паметна патика наменета за следење на спортските активности. Во оваа фаза од компаниите не даваат повеќе детали околу производот, односно познато е само дека патиките ќе вклучуваат чип во нив кој што ќе ги испраќа информациите до соодветна апликација во мобилните уреди. Начинот на работа на ваквите апликации е повеќе од познат, па новина би била локацијата на чипот кој што ги собира информациите.
Она што се очекува од патиките е да го следат бизнис моделот на Xiaomi, а тоа би значело дека тие треба да се продаваат по прилично прифатлива цена. За почеток се најавува настап на кинескиот пазар, по што би следело проширување на светско ниво.