illuminated-living-room-keyboard-k830

Доколку сте еден од они кои го поврзуваат компјутерот со телевизорот за да гледате филмови и серии на поголем екран, но и од удобноста на каучот, оваа тастатура од Logitech е наменета за вас. Со безжичното поврзување со малиот и познат nano USB приклучок, односно receiver и досегот од 10 метри, ќе немате проблем да ја користите од било која позиција и големина на соба. Безжичното поврзување работи на фреквенција од 2.4GHz.

illuminated-living-room-keyboard-k830-4

Меѓутоа можеби најинтересната карактеристика на Logitech K830 е осветленоста на копчињата која што автоматски се прилагодува на околината, односно на осветленоста на просторијата. Па така, доколку ја користите преку ден или со вклучено светло во просторијата, осветленоста на тастатурата автоматски ќе се исклучи. Исто така осветленоста се исклучува доколку не ја користите 5 секунди, па така прави дополнително штедење на батеријата.

Користењето на компјутерот од каучот не би било целосно без маусот, меѓутоа неговото користење во одредени позиции не е баш возможно или едноставно. Затоа Logitech K830 доаѓа со вграден touchpad на нејзината десна страна, па многу едноставно можете да ги направите сите потребни работи без да станете.

illuminated-living-room-keyboard

illuminated-living-room-keyboard-k830-6

Батеријата на тастатурата се полни за 3 часа и со неа можете да работите до 10 дена, според Logitech, но се разбира тоа може да е различно зависно од тоа колку често ја користите. Цената по која што ќе се продава Logitech K830 изнесува 100 евра.

Претходна статијаFantastical 2, одлична календар апликација за вашиот iOS уред
Следна статијаЖивотот после Windows XP – Windows 7 или Windows 8.1?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.