Лондон е еден од најмногу набљудуваните градови со мрежа од камери поставени низ целата негова територија. Снимките од овие камери се користат како доказен материјал во голем број на криминални и прекршочни ситуации. Лондонската полиција започнува тест проект кој што ќе го зголеми бројот на камери кои што треба да им помогнат на полицајците во собирањето на доказен материјал. Овие камери ќе бидат поставени на предниот дел од униформата на полицајците и ќе имаат можност константно да снимаат по нивното вклучување.
Се работи за камери од производителот Taser кој што веќе соработува со повеќе американски градови. Исто така оваа компанија нуди и онлајн сервис за прикачување и менаџирање на доказен материјал наречен evidence.com. Во почетната тест фаза ќе бидат опфатени 9 реони во Лондон, по што проектот треба да биде проширен кај сите. Како што изјавуваат од таму, не е прашање дали, туку како ќе биде спроведена имплементацијата.
Камерите кога ќе бидат вклучени цело време снимаат, а полицаецот ќе може да притисне на копче за зачувување на последните 30 секунди од видеото. Снимките ќе бидат чувано до 30 дена, како што налага нивниот закон, со можност за продолжување на тој период доколку некоја од странките тоа го побара.
Моделот кој што се користи е Taser Axon Body, кој што има агол на снимање од 130 степени. Резолуцијата со која што снима камерата не е нешто голема, барем не по стандардните на кои што сме научени со новите камери кои што излегуваат, како и на мобилните телефони. Како и да е камерата е направена да биде прилично издржлива, па таа не би требало да биде оштетена во потенцијално ризичните ситуации во кои што се наоѓаат полицајците.
Извор: The Verge
Слики: The Verge