Lytro е камера направена од истоимената компанија која што претставува првата комерцијална камера која што користи технологија на поле на светлината (Light filed camera). Овој тип на камери со едно сликање ја собираат светлината на околината заедно со правците од каде што таа доаѓа во однос на камерата, наместо собирање само на дојдената светлина во моментот на сликање. Едноставно кажано овој тип на камери овозможуваат 3D ефект, како и менување на фокусот на сликата, нешто по што е позната првата камера од Lytro.
Ефектот на менување на фокусот станува популарен и може да се најде во новите модели од познатите паметни телефони, како што е HTC One M8, на пример или посебната камера апликација од Google, која што го овозможува овој ефект софтверски. Доколку не сте запознаени со овој ефект, тој овозможува да го промените фокусот на веќе направената слика од објектот што е во преден план на позадината и обратно.
Lytro денеска ја претстави својата втора камера која што работи со оваа технологија, односно light field камера, наречена Illum. За разлика од првата камера која што имаше нестандарден дизајн, каков што ниедна камера досега нема користено, Illum доаѓа во форма како повеќето дигитални камери кои што се на пазарот, но сепак со одредени свои уникатни делови. Сепак дизајнот на камерата не е финален, односно до нејзиното претставување до ова лето, можно е да претрпи одредени промени. Камерата доаѓа со посебен десктоп софтвер преку кој што може да се менаџираат направените слики.
На сликата во продолжение може да видите како функнционира менувањето на фокусот со притискање на разни делови од неа.