47efbd876feced698c519c89826caf51_large

Marbel е електричен скејтборд моментално во фаза на прибирање на средства преку Kickstarter, направен од компанија лоцирана во Флорида. Производот е претставен како најлесен во неговата категорија, односно во споредба со другите електрични скејтборди. Marbel е наменет за луѓето кои што сакаат да поминат одредени кратки дестинации, а истото не сакаат да го прават користејќи автомобил, велосипед и слични возила. Направен е од јаглеродни влакна и кевлар, со што ја добива својата ниска тежина од 4,5 килограми, а исто така е и доста цврст и треба да го издржи возењето од разни корисници.

34c0fa6478a0d319f5b712b27be07e5d_large

Возењето на Marbel се прави преку посебен контролер кој што го контролира забрзувањето и кочењето. Исто така достапна е и апликација за мобилен телефон преку која што може да се постави максималната брзина, како и степенот за забрзување. Со апликацијата доаѓаат и неколку претходно наместени режими за возење, како на пример режим за почетници, еколошки режим и слично. Преку апликацијата исто така може да се заклучува скејтбордот, како и да се следи колку батерија има останато. Преку прикажување на мапа, на интересен начин, може да видите до каде можете да отидете со преостанатата батерија.

d26bd8ecbb9e1297fd95f34c10297ec5_large

Marbel може да достигне брзина од околу 32 km/h и да помине околу 16 километри со едно полнење на батеријата.

Цената по која што може да се нарача овој интересен производ изнесува 1.200 долари, а доколку сакате посебно направена верзија тогаш ќе треба да платите 2.000 долари. Нешто пониските цени за првите нарачки преку Kickstarter веќе не се достапни, што го покажува големиот интерес на корисниците. Од потребните 90.000 долари, веќе се собрани над 100.000, а корисниците кои што го имаат нарачано може да го очекуваат до крајот на оваа година.

Извор: Engadget, Kickstarter

Претходна статија“Thermal Touch” – технологија која ја претвора секоја површина во интерфејс реактивен на допир
Следна статијаSpringpad престанува со работа на 25 Јуни
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.