Се работи за проект моментално претставен на Kickstarter каде што веќе ги има собрано потребните средства за успешна кампања. Може да се нарача по цена од 160 долари, па нагоре, зависно од периодот на нарачка.
Она што корисниците го добиваат по купување на mDrawBot се голем број на делови, шрафови и слично од кои што самите можат да состават 4 различни роботи. Сите овие верзии на роботи се наменети за автоматско цртање, на различни површини и позиции.
Роботите кои што можат да бидат составени се наречени mScara, mCar, mSpider and mEggBot.
Првиот робот, mScara e роботска рака на која што може да се постави пенкало или ласер и е наменета за цртање на рамна површина на маса. mSpider, како што и самото име до некаде асоцира, е робот кој што ќе прави цртежи на ѕид или на табла.
mEggBot овозможува цртање на мали предмети кои што се обично незгодни за истата намена, односно тој може да се користи за цртање на јајца, пинг понг топчиња и слично. mCar роботот е направен со тркала со кои што се движи по легнатата површина за да ги направи своите цртежи.
Се разбира од компанијата која што стои зад развојот на mDrowBot е изработено детално упатство за составување на четирите видови на роботи. Исто така, достапен е и софтвер кој што е наменет за креирање на цртежите кои што потоа се испраќаат до роботот за да ја заврши својата работа на површината која што е избрана.
Извор: Kickstarter