Новата серија на процесори на Intel, наменети за мобилните и сите други помали уреди, донесуваат голем напредок во однос на своите претходници. Со новиот Atom X5 чип, сега и HDMI стикчињата ќе имаат солидни перформанси.
Првите вакви стикчиња се во производство на MeegoPad, кинеска компанија, која претстави три нови модели со Atom X5-8300 процесорот на Intel. Иако и натаму не планирајте да го замените процесорот од “i” серијата со овој, перформансите се подобри во однос на претходниците и сега дури и потежок оперативен систем како Windows 10 може да функционира многу солидно.
На бенчмарковите, новиот модел постигнува драстично подобри резултати во однос на Atom 3735 чипот и тоа до 30% на некои мерења. Графиката е уште поимпресивна – тука резултатите се подобри за 40-100%.
Трите стикчиња на MeegoPad, покрај новиор процесор, имаат 2 GB рам и 32 GB простор во најевтиниот модел, односно корисни 4 GB рам и 64 GB простор во двата поскапи модели. Најскапиот модел доаѓа и со вградена батерија од 300 mAh, веројатно за да нема потреба да го гасите стикчето кога ќе го извадите од мониторот или телевизорот. Поврзувањето е целосно покриено кај сите модели, со Wi-Fi, Bluetooth и HDMI.
Цената на најевтиниот стик почнува од 115 долари, но, како што се вели народски, има и една мачка во вреќата, а тоа е дека MeegoPad има историја на лансирање уреди без лиценциран Windows!Во превод, со пиратска верзија! Кина и се е можно…
Извор: Geek