214560-000003

Microsoft Research, делот од компанијата задолжен за истражување и развој, претстави нов проект на кој што тие работат. Се работи за обична тастатура која што е појачена со сензори кои што ги препознаваат близината и движењата на рацете и со тоа овозможуваат извршување на одредени активности. Сензорите се поставени на просторот измеѓу копчињата, ги има 64 на број, односно 16 на 4 низ целата тастатура. Тие се инфрацрвени сензори со ниска резолуција и груба проценка на движењата, но работат на 300 hertz frame rate и повеќе со што се овозможува детектирање на брзи движења.

214560-000004

Тастатурата вклучува посебен алгоритам кој што препознава поголем број на предефинирани гестови, а можна е поддршка за играње и на игри. Корисниците ќе можат да користат некој од следните гестови: движење на екранот со придвижување на раката од горе, па надоле над тастатурата, зумирање со pinch to zoom гестот како на екраните на допир, менување на активните апликации и многу повеќе. Примерот на кој што е демонстрирана тастатурата е на Apple тастатура, но се очекува од Microsoft да претстават сопствена тастатура понатаму.

Тастатурата е се’ уште во фаза на развој, а од Microsoft Research немаат повеќе информации за тоа кога истата би била достапна комерцијално, односно во продажба за корисниците. Сепак од ова што до сега е презентирано може да се види дека се работи за навистина интересен и корисен концепт кој што навистина би ги заинтересирал корисниците.

214560-000005

Извор: Microsoft Research

Претходна статијаИнстантно споделување на слики и видеа во новата верзија на Facebook Messenger
Следна статијаAustralis достапен за сите корисници со финалната верзија од Firefox 29
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.