SurfaceWirelessDisplayAdapter

Surface 2 и Surface Pro 2 уредите доаѓаат со можноста за прикажување (mirroring) на екранот на телевизори преку Miracast стандардот. Меѓутоа, иако оваа функција доаѓа вклучена во повеќето нови телевизори, истата не се вклучува толку одамна, па голем број на корисници сеуште имаат телевизори кои што не доаѓаат со поддршка за Miracast. Исто така во најава е поддршка за Miracast на Windows Phone, со најновата надградба на 8.1 која што треба да биде достапна од оваа пролет.

Со цел корисниците на уреди со Miracast поддршка, но со постари или не толку нови телевизори да им овозможи прикажување на екранот на нив, Microsoft е во фаза на изработка на HDMI уред кој што ќе овозможи поврзување преку овој стандард. Поточно се работи за уред кој што се приклучува на HDMI портата на телевизорите и преку WiFi мрежата овозможува поврзување и прикажување на екранот на поддржаните уреди на него. Информациите за овој уред не се официјални, а до нив има дојдено порталот Engadget преку Федералната комисија за комуникации во САД (FCC) каде што Microsoft има поднесено барање за одобрување на овој уред.

Уредот во документите е наречен Surface Wireless Display Adapter и доаѓа со поддршка за Dual Band Wi-Fi a/b/g/n. Струјата потребна за работа, уредот ќе ја добива преку портата на поврзаниот уред. Повеќе информации за карактеристиките или цената, како и датата на достапност на уредот нема, па останува да се види доколку Microsoft реши да го претстави на пазарот. Овој уред може да се спореди со Chromecast уредот од Google.

Извор: Engadget

Претходна статијаGmail за iOS 3.0 со поддршка за позадинско освежување
Следна статијаMicrosoft ќе ги потсетува корисниците на Windows XP за крајот на поддршката на овој оперативен систем
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.