ca839491835eb40e782b6f8ae60c0c64_large

Мобилните уреди се веќе дел од нашите животи и ги користиме насекаде, дури и повеќе отколку што можеби би требало. И иако овие уреди стануваат се понапредни, еден важен дел од нив никако да напредне до потребното ниво. Се работи за батериите кои што многу тешко успеваат да го издржат нивото на користење на уредите, па многу често се наоѓаме во ситуација каде што ни е потребно полнење на уредот, а да не сме дома или до некој извор на енергија. Тука доаѓаат до израз големиот број на преносни батерии преку кои што може да се наполнат уредите кога не сме до извор на енергија.

Modulo е преносен полнач направен од шпанската компанија Idapt и моментално се наоѓа на Kickstarter каде што ги собира потребните средства за почеток на производство, а може да се нарача за цена од околу 30 долари. Карактеристично за овој производ е тоа што е многу мал и тенок и поради тоа доста пренослив. Може слободно да се носи во џебот, без притоа да биде неудобно и да смета. Modulo има капацитет од 2100 mAh и може целосно да ги наполни повеќето уреди. Се полни преку поврзување во струен приклучок или на компјутер, а за понатаму се планира додавање на соларен панел, како и можност за безжично полнење.

Претходна статијаSCiO: откријте го хемискиот состав на работите околу вас
Следна статијаMicrosoft го претстави Office Mix, PowerPoint додаток за снимање на онлајн лекции
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.